Жител на Шишево е повреден во синоќешното невреме

Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22 часот во Полициското одделение – Сарај.

Повредите на Ј.С. му се констатирани во болницата „Аџибадем Систина”. Извршен е и увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот