Жител на Богомила починал откако се степал со тројно помлад соселанец

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Полицијата истражува трагичен случај во селото Богомила, каде 62-годишен човек починал откако се степал со 20-годишен соселанец, кој е уапсен.

„На 23.01.2023 во 00.20 часот во с.Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(20) од с.Богомила. На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес“, се вели во полициското соопштение.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот