Жиру пред зимски трансфер: Тешко дека ќе останам во Челзи!

Оливие Жиру нема редовна минутажа кај менаџерот на Челзи, Френк Лампард, па вчера и самиот потврди дека дојде време за разделба со екипата од „Стемфорд Бриџ“.

– Тешко дека ќе останам во Челзи. Ќе зборувам со менаџерот, секако, големи се шансите дека ќе си одам, бидејќи немам доволно шанси за настап. Ќе разговараме, ќе ги гледаме сите опции и ќе одлучам што е најдобро за мене – рече Жиру.

Би можел да се врати во Франција, во трката се наоѓаат Лион и Бордо, а се шпекулира и можен трансфер во Интер или Атлетико Мадрид.

Според „Л`Екип“, услугите на Жиру ги посакува и менаџерот на шкотскиот гигант Ренџерс на чија клупа е славниот Стивен Џерард.

Францускиот напаѓач има договор со Челзи до крајот на сезоната, па во јануари ќе преговара со други екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот