Жена во фустан со кафеава коса е осомничена за масакрот во Канада, мотивот останува нејасен

Полицијата идентификуваше жена осомничена за пукањето во средното училиште во градот Тамблер Риџ, Британска Колумбија, Канада каде што загинаа десетина лица, вклучувајќи го и напаѓачот. Според извештаите на медиумите засега нејзиното име нема да биде објавено. Истражителите сè уште го утврдуваат мотивот за нападот, како и врската помеѓу осомничената и жртвите, објави Асошиејтед прес.

Кен Флојд, началник на канадската полиција РЦМП (RCMP), изјави за новинарите дека осомничената е идентификувана, но дека нејзиното име нема да биде објавено.

„Мотивот на напаѓачот останува нејасен. Сè уште истражуваме како жртвите биле поврзани со осомничената“, додаде Флојд.

Што e познато за осомничената?

Властите изјавија дека го знаат идентитетот на осомничената за нападот, но не објавуваат дополнителни детали. Осомничената е пронајдена мртва во училиштето по пукањето, а полицијата сè уште официјално не го потврдила нејзиниот пол или идентитет.

Предупредувачка порака на канадските власти до граѓаните за пукањето во училиштето – Извор Х

Кен Флојд, командант на РЦМП за Северниот округ каде што се случи пукањето, на прес-конференција потврди дека лицето пронајдено мртво во училиштето е истото лице опишано во известувањето испратено до граѓаните на нивните мобилни телефони. Во известувањето е наведено како „жена во фустан со кафеава коса“.

Полицијата вели дека осомничената е пронајдена мртва со самонанесена рана. Истражителите сè уште утврдуваат дали и како таа е поврзана со училиштето каде што се случил нападот, пренесуваат медиумите.

Мотивот сè уште не е познат

Шефот на полицијата Кен Флојд рече дека истражителите ја идентификувале осомничената за пукањето, но сè уште не го објавуваат официјално нејзиното име. Во јавното предупредување испратено до граѓаните на нивните мобилни телефони, осомничената е опишана како „жена со кафеава коса во фустан“.

ВИДЕО | Десетина загинати и над 25 повредени во пукање во средно училиште во Канада

Флојд нагласи дека мотивот за нападот останува нејасен и дека властите „не се во можност да разберат зошто или што можело да биде мотив за оваа трагедија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот