Жена лажела на Фејсбук дека е позитивна на коронавирусот, ги повикувала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат

Од полицијата дополнуваат дека ширењето лажни вести ја компликува и онака сложената состојба со заштитата од КОВИД-19.

Кочанската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против лице од Кочани кое на социјалните мрежи проширило лажна вест дека е позитивно на коронавирусот.

По добиеното известување, полициските службеници го испитале случајот и поради основани сомненија дека е прекршен членот 206 од Кривичниот законик во врска со здравствените прописи за време на епидемија, поднесена е пријавата.

– На 31 март пријавената на својот профил на социјалната мрежа фејсбук направила достапна за јавноста лажна вест дека е заразена со КОВИД-19 и ги повикува сите кои биле во контакт со неа да се тестираат заради утврдување на заболеност. Таа претходно не била тестирана заради утврдување на присуство на коронавирусот, се истакнува во известувањето од Органот за внатрешни работи – Кочани.

Од полицијата дополнуваат дека ширењето лажни вести ја компликува и онака сложената состојба со заштитата од КОВИД-19.

Според надлежните, мерката што е преземана е јавна опомена дека во услови кога секој има свој слободен простор на социјалните мрежи, треба внимателно да се однесува и да не внесува немир и паника во јавноста. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот