Жена фрлила пепел во двор и направила хаос – пожарот загрозил куќи, зафатил 1,5 хектар

Фото: МИА

Жена од делчевско предизвикала голем пожар во селото Тработивиште, откако фрлила неизгасната пепел во својот двор, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж. (63) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 19.02.2023 околу 14.00 часот во дворното место на нејзината семејна куќа во с.Тработивиште, таа фрлила неизгасната пепел и предизвикала пожар“, велат од полицијата.

„Поради ветрот, пожарот се проширил во околината, на имотите и дворовите на соседите, со што била опожарена површина од околу 1,5 хектари, а биле доведени во опасност и куќи на соседите“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот