Жена е повредена во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Вчера во 20.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола патничко возило „мерцедес”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(48) од Прилеп, удрило во куче скитник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Б.(50) од Прилеп, констатирани во прилепската Градска болница.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот