ЗЕЛЕНСКИ ВООДУШЕВЕН: Трамп ми вети дека ќе ми помогне да го вратиме Крим

Фото: Профимедиа

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека претседателот на САД му рекол дека ќе му помогне при „враќањето“ на Крим, пренесуваат медиумите.

Зеленски за време на средбата со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обеднинетите нации (ОН) му зборувал на американскиот претседател за убавините на Крим, и како таа територија и припаѓа на Украина. Исто така, тој рекол дека потребно е време таа да се врати во нејзини рамки, со што Трамп според оценките на Зеленски, се солгасил.

Трамп меѓутоа оценил дека Украина „го ‘загубила’ Крим додека на чело на Вашингтон била друга администрација, а не неговата“

„Затоа вие имате шанса да ни помогнете“, одговори кратко Зеленски, на што Трамп му возврати: „Точно, имаме“.

 

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот