Олександр Сирски и Володимир Зеленски / Фото: Ukraine Presidential Press Servi / Zuma Press / Profimedia

Зеленски: Русија мора да биде принудена на вистински мир, кој може да се постигне само со сила

Светот мора да одговори. Во моментов нема силна реакција од светот. Путин е многу чувствителен, тој ве тестира, драги партнери. Јасно е кој е единствениот виновник за оваа војна – кој ја започна на 24-ти февруари и кој продолжува да ги вложува сите ресурси за нејзиното продолжување, напиша Зеленски на социјалните мрежи

„Тој мора да биде запрен. Недостигот на остри реакции на акциите на Русија испраќа порака дека таквото однесување е прифатливо. Ова го прави Путин.Путин мора да ја почувствува цената на неговите пореметени амбиции. Потребен е одговор. Потребен е притисок. Русија мора да биде принудена на вистински мир, кој може да се постигне само со сила. Во спротивно, ќе има бескрајни руски напади, закани и дестабилизација – не само против Украина, дополни тој.

Рускиот претседател Владимир Путин го потврди испукувањето на хиперсоничниот проектил „орешник“, новото оружје за кое кажа дека е несопирливо. Ракетата не била опремена со нуклеарна боева глава.

Според Путин, нападот бил насочен на фабрика во која се чуваат западни компоненти за „украински“ проектили во градот Дњепар, во централна Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот