Зеленски подготвен да учествува во преговорите на форматот „Нормандиска четворка“

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја потврди подготвеноста да учествува во преговорите на форматот „Нормандиска четворка“ за решавање на ситуацијата во Донбас, во која, покрај Украина, се и Русија, Германија и Франција.

„Сепак, разговорите зависат од Москва“, рече Зеленски во интервју за неколку украински ТВ канали.

– Уште еднаш ја потврдувам подготвеноста да учествувам во форматот Нормандија. Верувам дека ќе има состанок, но сè зависи од Русија. Нема потреба да се прифаќа топката од некои руски медиуми – рече Зеленски, алудирајќи на одредени медиуми кои објавија дека Киев е наводно виновен за одложување на преговорите, пренесува руската агенција ТАСС.

Рускиот заменик началник на Генералштабот Дмитриј Козак во јуни рече дека нема смисла да се подготвува за самитот на Нормандиската четворка поради недостаток на напредок во однос на спроведувањето на претходните договори.

Нормандиската четворка е основана на 6 јуни 2014 година, кога лидерите на Русија, Франција, Германија и Украина првпат разговараа за начините за решавање на конфликтот во Донбас за време на прославата на 70-годишнината од сојузничките десанции во францускиот регион Нормандија.

Оттогаш се одржаа пет самити, од кои последниот беше во Париз на 9 декември 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот