Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER

Зеленски: Почна првата фаза од размената на затвореници со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска започна првата фаза од размената на затвореници со Русија, договорена во Истанбул на преговорите на делегацијата на двете земји.

„Ќе следат повеќе фази – барем така беше разговарано со руската страна. Им благодарам на сите што го овозможија тоа. Одржав и состанок на меѓународната агенда за јуни – ниту еден состанок не смее да биде празен. Ако тоа не нè доближи до завршување на војната преку дипломатија, тоа мора да помогне да се зајакне нашата одбрана, нашите активни операции или да се зголеми притисокот врз Русија“, рече Зеленски во објава на платформата X.

Тој додаде дека „најинтензивните борби продолжуваат во правецот Покровск, во областите на операцијата Курск и долж границата во регионот Сума“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот