Зеленски издвои средства за домашно производство на оружје кое може да го промени текот на војната во Украина

Фото: Profimedia

Во обид да ја намали разликата меѓу украинските и руските капацитети, украинската влада започна амбициозна програма за домашно производство на беспилотни летала. Министерот за одбрана Олексеј Резников изјави за Ројтерс дека владата соработува со повеќе од 80 домашни производители на беспилотни летала и дека ја проширува производната програма на беспилотни летала.

„Беспилотните летала можат да ја променат рамнотежата на силите на бојното поле на ист начин како што фрлачите на ракети што ни ги доставија западните сојузници ја променија играта минатата година“, рече Резников.

Премостувањето на големиот јаз што постои меѓу руските и украинските воени капацитети е клучно сега кога се очекува неизбежен украински контранапад на југот и на истокот на земјата.

За полубанкротираната Украина, чија економија е десеткувана од војната и чија влада се потпира на приливот на пари од сојузничките земји, производството на беспилотни летала е релативно евтин начин за борба против огромната руска војска. Украинската влада планира до крајот на годината да потроши околу половина милијарда долари за развој и производство на домашни дронови.

Секретарот на Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана Олексеј Данилов за Ројтерс изјави дека оваа година посебен фокус ќе биде ставен на производството на беспилотни летала камикази.

Иако украинските беспилотни летала се уште технолошки заостануваат зад руските, како и иранските камикази беспилотни летала, кои Русите ги користат за уништување на енергетската инфраструктура на Украина, напорите на Киев стануваат сè повидливи. Воените експерти проценуваат дека домашните компании би можеле да ја снабдуваат украинската армија со до неколку илјади беспилотни летала годишно, под услов финансирањето и набавката на делови да бидат стабилни.

Резников вели дека Украина неколку пати го зголемила капацитетот за производство на беспилотни летала од руската инвазија во февруари минатата година. Украинската влада одбива да објави прецизни податоци за бројот и видот на произведените дронови, велејќи само дека нивниот фокус е на развој и производство на беспилотни летала со долг дострел, бидејќи западните сојузници сè уште не се подготвени да ги испорачаат своите ракетни системи со поголем дострел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот