Зекири: СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители

Мухамед Зекири / СП. архива

Треба да ги почитуваме законите и Уредбата со законска сила, на државата и се потребни функционални институции, за да може да преземат сç што е потребно, истакна потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, и ВМРО-ДПМНЕ, за да ги поразиме на изборите, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во гостувањето во ТВ24.

Тој нагласи дека СДСМ нема отстапено од своите позиции, за одржување на избори по укинувањето на вонредната состојба, кога со почитување на уредбата на владата почнуваат да течат 22 дена до одржување на избори.

– Има комуникација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека ќе биде постигната согласност за заеднички датум за одржување на избори, рече Зеќири.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори и погрешно ја толкува уредбата на владата со која беа замрзнати изборните дејствија.

– Да се вратиме наназад, по недобивањето на датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДСМ предложи избори во декември, ВМРО-ДПМНЕ сакаше во април, ние тоа го прифативме, потоа дојде короната и изборите беа замрзнати, предложивме собранието повторно да се свика, вие одбивте, сега ние немаме парламент и сега што треба да правиме…рокот постои, ајде  да одиме на избори, порача Зекири.

Треба да ги почитуваме законите и Уредбата со законска сила, на државата и се потребни функционални институции, за да може да преземат сè што е потребно, истакна потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот