Здружението на новинари на Македонија ќе ги додели годишните награди

фото: ЗНМ

Годишните награди на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе бидат доделени вечер во 19:30 часот на настан во Клубот на новинарите на Македонија.

ЗНМ секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство. Од 2020 година ЗНМ доделува уште една награда за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.

Конкурсот за наградите на ЗНМ беше отворен од 10 до 29 јануари.

На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија и за наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2023 година, наградените ќе добијат плакета, како и парични награди во износ од 1.000 евра по награда во денарска противредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот