„Зборувај за Скопје“ на 26 јули на старата железничка станица

По повод 60 – годишнината од скопскиот земјотрес, на 26 јули во 20 часот, во Музејот на град Скопје, ќе се одржи мултимедијален настан „Зборувај за Скопје“. Настанот, кој го организира музичката платформа „Терапија“, како што се најавува, ќе обедини повеќе уметности музика, слика, филм, визуелна уметност.

Организаторите најавуваат дека е предвидена изложба на тројца истакнати македонски уметници – Михаил Корубин, Антони Мазневски и Велимир Жерновски. Преку своите дела, тие ќе „зборуваат“ за уметноста во Скопје, за нивната перцепција за овој град и емоциите кој градот ги буди кај сите нас. Присутните ќе имаат можност да уживаат и во изложбата: „Скопје – градот Феникс“, која ќе се отвори на 26 јули од 20:00 часот.

На мултимедијалниот настан ќе се прикажат и филмовите „Скопје сонува“ и „Мементо“. Исто така, на визуелен начин ќе бидат презентирани сегменти од весници и медиуми кои известувале за постземјотресно Скопје. Настанот ќе го води познатиот актер и уметник, Игор Џамбазов, а во музичкиот дел ќе настапат Тамара Тодевска и Здружението на џез музичари и слободни уметници.

– Многумина ќе се спротивстават на славењето природна катастрофа, која земала многу животи и уништила илјадници домови, јавни објекти и установи. Но, ние ги истакнуваме вредностите кои се случија по оваа непогода во 1963 година. Солидарноста, хуманоста, емпатијата како основни водилки, кои придонесоа Скопје повторно да се изгради и да стане метропола. Токму овие вредности очајно ни фалат денеска. Токму овие вредности недостасуваат на Скопје, на луѓето, на сите ентитети кои сакаат поубав град и поквалитетен живот – велат претставниците oд музичката платформа „Терапија“.

Тие ги покануваат сите граѓани, да дојдат на 26 јули во Музејот на град Скопје, од 20:00 часот и сите заедно да зборуваар за чист и урбан град, за град кој е дом на сите генерации, за вистинска култура, сцена и ноќен живот.

Настанот се организира со поддршка на Министерство за култура, Град Скопје, Делегација на ЕУ во Скопје и BWI.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот