Збирка раскази: Книжевен простор помеѓу зачудноста и реалноста

Издавачката куќа „Темплум“ ја објави книгата „Градски и шумски приказни“ од Мимоза Петревска Георгиева. Станува збор за збирка раскази што жанровски флотираат помеѓу зачудноста и реалноста.

Рецензентката Искра Гешоска за делото напиша: „Со својата книжевна техника, стилски гест и структурата во која се распределени ситуациите и ликовите, авторката создава антиидеологиски простор во кој секој читател може да го реконструира своето животно искуство и резиме. Книжевната субверзија на ова дело е единствена од повеќе причини, а една од нив е начинот на акварелно и нежно исцртување на моќни, но подземни социо-психолошки мотиви. Книжевните слики во збирката се проникнати со илустративниот имагинариум на шестмина македонски илустратори, со што добиваме едно комплексно книжевно-ликовно дело, кое со читателот комуницира на прв поглед“.

Автор(к)и на илустрациите во книгата се Горан Дачев, Бисера Георгиева, Маја Стефановска, Билјана Василева, Перо Георгиев и Ѓорѓе Јовановиќ. Мимоза Петревска Георгиева е новинарка со долгогодишно искуство во македонските медиуми. Авторка е на книгата „Живот вреден за живеење“ и на едукативната детска сликовница „Иван и Илина“. Сопруга е и мајка на три ќерки: Илина, Бисера и Ангела.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 62, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот