Завршна битка за европскиот кошаркарски трон

фото: Euroleague.net

Најдобрите четири екипи во Евролигата ја започнуваат последната битка за трофејот. На завршниот турнир кој се игра во Виторија, Шпанија, пласман обезбедија најдобрите четири екипи, десеткуваниот од повреди Фенербахче, дебитантот на фајнал фор турнирите, Ефес, супер тимот кој редовно потфрла кога е најпотребно, ЦСКА Москва и бранителот на трофејот Реал Мадрид.
Во првото полуфинале се среќаат Фенербахче и Ефес (18 ч.) и најголемите адути на двете екипи се тренерите. Жељко Обрадовиќ има можност со Фенербахче да дојде до 10. јубилеен трофеј во Евролигата, додека на клупата на Ефес е харизматичниот Ергин Атаман.
– Ќе се излаже секој што однапред ќе помисли дека може да го освои трофејот. Така размислуваат само луѓе кои не ја разбираат кошарката, сите имаме подеднакви шанси. Јас и моите играчи не чувствуваме никаков притисок и знам дека ќе одиграме најдобро што можеме, а дали тоа ќе биде доволно, ќе видиме – вели Обрадовиќ.

Во второто полуфинале (21 ч.), бранителот на трофејот, Реал Мадрид, ќе игра против моќната ЦСКА Москва. Тренерот на „кралевите“ има посебен мотив да триумфира во Виторија, бидејќи тоа е неговиот роден град, но овој пат до трофејот ќе мора да дојде без Словенецот Лука Дончиќ кој имаше фантастична деби сезона во НБА лигата.

Од друга страна, ЦСКА Москва е редовен учесник на фајнал фор турнирите, ова ќе нивен биде осми последователен настап, има голем мотив за одмазда. Минатата година, Реал Мадрид токму во полуфиналето ја совлада ЦСКА Москва со 92:83.

– Со сите екипи игравме по два пати сезонава, но тоа не е никаков показател за тоа што е очекува вечерва. Сега одлучува само еден натпревар, една топка. Се надевам дека ќе успееме да триумфираме и да се осветиме за поразот од минатата година, исто така во полуфиналето – изјави Димитрис Итудис, тренерот на ЦСКА Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот