Заврши трпението на Мицкоски, опозицијата излегува на улица

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од Гевгелија им порача на граѓаните да веруваат во подобра иднина и најави дека од денеска ВМРО – ДПМНЕ излегува на улиците и плоштадите.

– Знам дека ова се тешки моменти, знам дека сите ние очекуваме да добиеме чист датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сите ние веруваме во европска иднина и ќе продолжиме да веруваме, но нема да нè водат политичари лажливци, коишто само ветуваат, а  ништо не исполнуваат – рече Мицкоски.

Тој вели дека доаѓаат луѓе со силна биографија кои знаат како треба Македонија да ја внесат во Европската унија. За што Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори во најава, а неговата влада ќе може државава да ја внесе во европското семејство.

Прочитајте и...  Градоначалничката на Вашингтон бара повлекување на Националната гарда од главниот град

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ рече дека како партија му дале шанса на процесот и рече дека  „17 октомври е денот кога завршува концесијата“, ден кога завршува трпението на опозицијата.

– Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и нашите сограѓани ширум целата Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ – рече Мицкоски.

Прочитај повеќе

Скопјани ги фати страв од коронавирусот (ВИДЕО)

Во Шпанија нови пет смртни случаи од коронавирус

Слободен печат

Огромните расходи на Франција се мерат во милијарди евра

Слободен печат

Официјалната обдукција потврди: Џорџ Флојд починал од срцев застој, имал многу модринки и исеченици

Слободен печат

Се зачади во косовското собрание: Претседателката ги опомена пратениците да не пушат на седница

Слободен печат

Мицкоски: Има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сноси одговорност

Слободен печат

2 comments

Dedinec 18/10/2019 - 07:28 at 07:28

A kogo ke izvadi na ulica, tie sto gi drzea na rabota so mesecni dogovori, za potoa site ni krivi ni dolzni da bidat izbrkani od strana na novata Vlada,a na nivnite mesta da se vrabotat novi so dogovori na neopredeleno, zarem uste ima so sto da gi lazi ligeto,
ovoj FAJTER i kopija na Ljupco,Nikola i prodolzena raka na Karakacanov, pa rascisti si go dvorot od BUGARASITE kako Antonio
i generacija, od profiteri kako NEGO i Gorcev. Za zalenje e ovoj Mickovski, pa nema ni koj poveke sendvici da im podgotvi na lugeto
koga ke gi vadi na ulica se svrtea soncogledite koi gi hranea mitingasite, sega pravat sendvici ama vo sina boja.
ZALNA Makedonija so vakvi nepismeni doktori na nauki. SRAM

Reply
НЕВЕН ГНЕВЕН 18/10/2019 - 07:59 at 07:59

Еве уште еден лајнар на сцена. А бре од такви како тебе, цел живот ни помина, надевајќи се на нешто подобро. Исти се сите, само во друго издание. Кој дојди – однеси и пак ќе дојде и пак ќе однесе. Мавнете се и едните и другите, а доколку е можна некоја стечајна управа, само и само Македонија да се спаси од вакви гилиптери.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бар: Во протестите во САД постои надворешно мешетарење

МИА Агенција

Меркел: Убиството на Џорџ Флојд е многу страшно

Слободен печат

Ставот на републиканскиот сенатор за воена интервенција на протестите објавен во „Њујорк тајмс“ предизвика лавина реакции: Читателите не разликуваат вест од мислење

Слободен печат

Четворица пожарникари со две противпожарни возила гаснат пожар кај Росоман

Слободен печат

Меркел дефинитивно рече збогум: Најмоќната жена во Европа сепак заминува во пензија

Слободен печат

Куомо до демонстрантите: Тестирајте се на коронавирус, тоа е граѓанска должност

Слободен печат