Заврши повикот за субвенции за чистење оџаци, пристигнале 297 барања

Фото: Град Скопје

Заврши јавниот повик на Град Скопје за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти за чистење оџаци за 2022 година, кој започна уште во јуни и траеше до вчера. На повикот, кој е една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот, по електронски пат пристигнале 297 барања.

На граѓаните кои аплицирале, Град Скопје ќе им надомести дел од трошоците за чистење на оџаците, во износ од 1.200 денари, а на јавниот повик можеа да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на градот.

 Целта на овој проект на Град Скопје е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците – велат од Градот.

Оттаму додаваат дека со мерката треба да се постигнат позитивни ефекти – подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, саѓи, но и трошоците за затоплување, како и да се подигне јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот