Заврши обдукцијата: Денеска ќе се знае дали Илче починал од ковид-19

Фото: Слободен печат

На Институтот за судска медицина во Скопје денеска се очекува да дојде резултатот од брисот што бил земен за да се утврди дали имало присуство на коронавирусот кај единаесетгодишниот Илче, кој почина во мал групен дом во Демир Капија.

Пост мортем брисот бил земен затоа што пред да почине Илче имал покачена телесна температура и покачени леукоцити што сугерира на присуство на инфекција во организмот.

Директорот на Институтот за судска медицина доктор Александар Станков за ,,Слободен печат” тврди дека инфекцијата воопшто не мора да значи дека била поради ковид-19, но дека поради симптомите сепак брисот морало да биде земен.

Освен тоа, во склоп на обдукцијата која што била завршена вчера биле направени и хистопатолошки и токсиколошки анализи, чии резултати ќе се познати за 15 дена поради тоа што треба да бидат обработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот