Заврши бајката на Стевановиќ на Вимблдон
Тенисерката која во минатото тренираше и во Македонија, Наталија Стевановиќ ја заврши својата бајка на Вимблдон откако денес во третото коло беше поразена од фаворитката Петра Квитова со 0:2 (3:6, 5:7).
Препорачано
Се бореше тенисерката од Ниш против двократната освојувачка на Вимблдон и повторно го покажа сето она што ја красеше во текот на изминатата недела во Лондон, но сепак тоа против тенисерка како Квитова не беше доволно.
Чешката тенисерка го покжа квалитетот и на крајот заслужено дојде до победа. Направи Стевановиќ брејк на стартот и поведе со 2:1, а Квитова веднаш возврати. До крајот на сетот Наталија успеа да освои само уште еден гем.
Поголема борба гледавме во вториот сет, а при 5:4 за Стевановиќ мечот беше прекинат поради дожд. По продолжувањето, Квитова направи брејк и поведе со 6:4, спаси Стевановиќ две меч топки и дојде до брејк топка, па потоа и до втора, па трета…Сепак, искустовто на крајот веројатно беше пресудно.
Стевановиќ пред почетокот на Вимблдон беше на 225-то место на ВТА листата, а по двете победи во главниот дел сигурно ја чека голем напредок.


