Затворска казна од 4 месеци за Бугарин за ширење омраза кон македонскиот народ

автобуска несреќа бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Окружното обвинителство на Софија осуди 34-годишен маж поради говор на омраза упатен кон „македонската народност и етничка припадност кон македонскиот народ“ објавувајќи и фотографија од запалениот автобус на автопатот Струма, во група на социјалните мрежи, соопштија од бугарското обвинителство.

На 23.11.2021 година околу 11.00 часот во канцеларија во Софија, пријавениот С.Б. ширел омраза кон македонската националност и етничка припадност на македонскиот етнос преку објава во група на социјална мрежа. Кон текстот на објавата обвинетиот додал фотографија од запалениот автобус од трагичната несреќа на автопатот Струма, соопшти обвинителството.

Оттаму наведуваат дека за предметот е поведена предистражна постапка за кривично дело од чл. 162, став 1 од Кривичниот законик.

-С.Б. не бил осудуван. Обвинетиот ја признал вината и по договор одобрен од Окружниот суд во Софија наложено му е „лишување од слобода“ во времетраење од 4 месеци, а издржувањето на затворската казна му е одложено за период од 3 години.

Договорот има сила на ефективна казна и не е предмет на жалба, соопшти Обвинителството.

По несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани на социјалните мрежи во Бугарија се појавија објави со говор на омраза кон жртвите во несреќата, но бугарската полиција и обвинителството брзо реагираа и ги процесуираа случаите.

Полицијата експресно го пронајде и уапси Бугаринот што го згрози Балканот со објавата за трагедијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот