Полицијата експресно го пронајде и уапси Бугаринот што го згрози Балканот со објавата за трагедијата

Лицето Стефан Белев е приведено во Софија

Полицијата привела 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот „Струма“, некомпатибилни со моралните и етичките норми, соопштиле од бугарското МВР.

Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие.

– Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем, соопштиле од бугарското МВР.

Извор: МИА

Видео на денот