Затвореник со туѓи лични податоци побарал и добил кредит

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

Тој е осомничен за сторени кривични дела „измама” и за „злоупотреба на лични податоци”.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид. Тој е осомничен за сторени кривични дела „измама” и за „злоупотреба на лични податоци”.

Според МВР, во периодот февруари-април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено поправната установа „Затвор”-Штип, со намера да стекне со противправна имотна корист, преку лажен фејсбук профил,  остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот