Затворени два угостителски објекта во Гостивар

Гостивар/ Фото: МИА

Вчера околу 19.15 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Љ.Н.(50) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект бил отворен по 18 часот и во него престојувале неколку лица. Тој бил задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Во текот на вчерашниот ден околу 22 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.В.(62) од Гостивар, затоа што неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица. По документирање на случајот, против Џ.В. ќе биде поднесена пријава  поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. И овој објект бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот