Затворен тренинг центарот на Клиперси поради коронавирус

принтскрин/youtube

Лос Анџелес Клиперс го затвори својот тренинг центар откако беше пронајден позитивен тест за коронавирус во тимот. Составот од Калифорнија презема мерки на претпазливост, бидејќи играчите треба да отпатуваат за Орландо во среда следната недела за да се подготви за рестартирање на сезоната во НБА лигата.

Како што информира „ЕСПН”, можно е спортскиот објект повторно да биде отворен по дезинфекција. Денвер Нагетс и Бруклин Нетс, исто така, ги затворија своите центри минатата недела, бидејќи позитивни на КОВИД-19 беа пронајдени во двата клуба.

Сите 22 екипи како дел од плеј-офот, ќе може да се потпираат на група до 35 играчи и персоналот за поддршка кои ќе бидат изолирани.

Најавено е дека сезоната во најсилната лига на светот ќе продолжи на 30 јули.

Коронавирусот го затвори тренинг центарот на Денвер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот