Коронавирусот го затвори тренинг центарот на Денвер

twitter.com/NBANewsNow247

Челниците на Денвер нагетс одлучија да го затворат тренинг центарот откако зачестија позитивните случаи на корона меѓу НБА екипите.

НБА екипите започнаа со тестирање на коронавирус на сите кошаркари, тренери како и останати лица од администрацијата пред продолжението на сезоната кое ќе се одвива во Орландо, но во Денвер нагетс одлучија да го затворат тренинг центарот за да спречат можно ширење на заразата.

Новинарот на ЕСПН, Адриан Војнаровски објави дека кошаркарите на Денвер до крајот на неделата ќе можат да се вратат на тренинзите, а во наредните 48 часа целата организација на тимот ќе биде тестирана на корона.

Првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ беше позитивен на коронавирус и тоа откако се тестираше во родната Србија и поради тоа негово враќање во Денвер е одложено за наредната сезона.

НБА лигата објави дека преку 20 кошаркари се позитивни на ковид-19, а последни кои се заразија се играчите на Бруклин, Деандре Џордан и Спенсер Динвиди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот