Вирусот се шири во НБА: ДеАндре Џордан позитивен на Ковид-19!

фото: твитер

Претходно првите луѓе на најсилната кошаркарска лига на светот објавија дека 16 играчи се позитивни на коронавирус.

Веќе се најавува рестартирањето на НБА лигата, а нејзиниот комесар Адам Силвер предупреди дека доколку на завршницата во Орландо се појави корона, ќе биде прекината сезоната.

Голем шок за навивачите на Бруклин Нетс откако беа потврдени два случаи во само неколку часови.

Прво беше објавено дека заразен е плејмејкерот Спенсер Динвиди, а потоа дојде и информација позитивен на коронавирусот е и најголемата ѕвезда на екипата, ДеАндре Џордан.

Поради тоа центарот на Нетси нема да биде во Орландо за останатиот дел од сезоната. На 1 јули би требало сите екипи да се соберат и да ги започнат подготовките во Дизниленд.

И натаму постои стравот околу тоа со кои играчи ќе дојдат клубовите, поради ситуацијата со Ковид-19. Тимските тренинзи и натаму се забранети поради правилото за социјално дистанцирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот