Заразен фудбалер од коронавирус открива: Моето тело поминува низ пекол

Коронавирусот направи хаос низ светот, а не ги одмина ниту спортистите и фудбалерите.

Еден од позитивните на коронавирус е и фудбалерот на англиски нисколигаш, Нејтан Елдер кој објаснува во каква состојба е телото додека се бори со опасниот вирус.

– Ќе бидам искрен кон сите. Моето тело помина низ пекол во изминатите четири дена, но денеска е најтешко бидејќи ми е измерена температура 39.8 степени и воопшто немам сила. Не сум човек кој паници, но ова ме исплаши – вели Елдер.

Елдер исто така истакна дека е вистинска среќа за него бидејќи се наоѓа во добра физичка состојба оти неодамна ја заврши фудбалската кариера.
Нејтан Елдер моментно работи како помошник тренер во екипата на Хајт таун, а во играчката кариера има настапувано и за екипите на Вимблдон и Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот