Започна судењето на родителите на момчето кое изврши масакр во белградското училиште

Пукање во Белград, Србија / Фото: Oliver Bunic / AFP / Profimedia

Денеска во Високиот суд во Белград започна судењето на таткото и мајката на 13-годишниот ученик кој уби девет соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во една од најголемите трагедии во поновата историја на Србија.

Судот најпрво треба да одлучи по предлогот на обвинителството за исклучување на јавноста од главниот процес заради заштита на интересите на малолетниците.

На првото рочиште се очекуваат воведните зборови на обвинителството и одбраната, доказните предлози и признавањето на вината на обвинетите.

Заедно со таткото и мајката, обвинети се и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде таткото го однел момчето и го научил да пука.

Во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди таткото на затворска казна од 12 години, мајката на две и пол години затвор, додека сопственикот на стрелачкиот клуб и инструкторот во тој клуб беа осудени на затворска казна од по три години.

Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од членови на семејствата за нематеријална штета поради смрт на блиско лице.

Родителите на жртвите во моментов се во судската палата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот