Фото: EPA-EFE/FELIX HUBER

Запленети се 30 килограми дрога и 70.000 евра – Срби и Босанци се уапсени во Австрија

Членовите на виенската Специјална група за борба против уличен криминал (EGS) уапси седуммина осомничени дилери и заплени повеќе од 30 килограми дрога, јавуваат австриските медиуми.

Сите уапсени се на возраст меѓу 21 и 38 години и сите се државјани на Босна и Херцеговина и на Србија.

Акцијата започна уште во ноември со апсење на Хрват во виенскиот Мајдлинг, чие сведочење доведе до притворање на сите осомничени дилери.

Членовите на EGS уапсија тројца во стан во Флоридсдорф, а преостанатите осомничени доцна попладне во стан во Бригитенау, објави денеска виенската полициска управа.

Вкупно се запленети околу 20 килограми марихуана, 10,5 килограми кокаин, три килограми хашиш, 1,1 грам спид, како и 70.540 евра во готово.

За време на сослушувањето, двајца од уапсените ја признале вината, додека другите одбиле да дадат изјава. По наредба на Виенското обвинителство, сите уапсени се префрлени во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот