Фото: razoremporium.com

Заплашување или закана: Јапонски министер добил коверт со жилет и порака „умри“

Јапонскиот државен министер за економска и фискална политика на Јасутоши Нишимура добил коверт со жилет и закани по неговиот живот, јави новинската агенција Кјодо.

Ковертот бил доставен до зградата на Советот на министри во центарот на Токио, попладнето на 2 октомври. Вработен во кабинетот го отворил и го нашол жилетот и лист на кој рачно неколку пати било напишано „Умри”. Авторот на пораката се потпишал како „обожавател на министерот Нишимура”.

Полицијата уште истиот ден била известена за инцидентот и во моментот се води истрага. Од септември лани, Нишимура е одговорен за економската состојба на земјата, а сега и за мерките за борба против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот