Захарова предупредува: Секој Русин во Германија е под сомнеж
Руското министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните да избегнуваат патувања во Германија кои не се неопходни, наведувајќи како причина сè поголемата сомничавост и непријателство со кои Русите се соочуваат таму, пишува Киев Пост.
Препорачано
На прес-конференција одржана денеска, портпаролката на министерството Марија Захарова порача дека Русите треба внимателно да проценат дали патувањето во Германија е неопходно и да се придржуваат до официјалните насоки.
Таа тврдеше дека германските власти речиси секој Русин на германска територија го третираат со сомнеж, без разлика дали живее таму постојано или привремено.
Според нејзините зборови, околу руските граѓани во Германија е создадена атмосфера на недоверба и произволно постапување.
Патувањата за руските државјани во многу земји од Европската унија станаа поограничени по почетокот на сеопфатната руска инвазија врз Украина во 2022 година.
Повеќе држави членки на Европската Унија го суспендираа или го заострија издавањето визи за Руси, додека земји како Финска и балтичките држави воведоа и ограничувања за влез на надворешните граници, повикувајќи се на безбедносни причини и политички притисок поврзан со војната.
И покрај овие мерки, Германија остана една од главните дестинации во Европската Унија за Русите со важечки визи, дозволи за престој, семејни врски или за оние кои доаѓаат од хуманитарни причини.
Трамп по разговорот со Путин ги укинува санкциите кон Русија?


