Захариева: Не очекувајте Бугарија да ги затвора очите

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева истакна дека позицијата на Бугарија не е лесна за разбирање и оти не може да се очекува Софија да замижи пред државните интереси.

„Нашата позиција не е лесна за разбирање. Но, тоа не значи дека не треба да продолжиме со напорите да ја објасниме. Во исто време, не очекувајте Бугарија да ги затвора очите, вели Захариева.

Бугарија не се премисли дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ кога ќе станат подготвени за тоа, вели Захариева.

-Очекувањата во Република Северна Македонија дека некој ќе врши притисок врз нас и ќе ја заборави примената на нашиот договор и одлуката на нашиот парламент не се реални. Им реков: Не сметајте на тоа, не работиме така во ЕУ- вели Захариева.

Премиерот Заев деновиве на двапати изјави дека во спорот со Бугарија веќе не знае точно каде лежи проблемот, но додаде дека дијалогот треба да продолжи сè додека не се најде компромис меѓу двете земји.

Заев од Пустец: Бугарија нема причина да покренува други претензии, не се откажуваме од нашиот македонски идентитет

Мотивиран од поддршката на другите земји-членки на ЕУ, Заев рече дека очекува подобри денови од следното претседателство со Унијата, она на Португалија.

Според бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, позициите на неговата земја кон С. Македонија се во согласност со европските интереси и нема да влијаат на стабилноста на ЕУ.

 

Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и С Македонија во Европската Унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата. Затоа нашата позиција е правилна и синхронизирана со европските и со националните интереси“, изјави Каракачанов во Варна, пренесува БНР.

 

Каракачанов: Позициите на Бугарија кон С. Македонија се во согласност со европските интереси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот