Каракачанов: Позициите на Бугарија кон С. Македонија се во согласност со европските интереси

фото Архива

Според бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, позициите на неговата земја кон С. Македонија се во согласност со европските интереси и нема да влијаат на стабилноста на ЕУ.

„Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и С Македонија во Европската Унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата. Затоа нашата позиција е правилна и синхронизирана со европските и со националните интереси“, изјави Каракачанов во Варна, пренесува БНР.

Toj спомна дека има притисок од европските земји-членки да ја прифатат европската интеграција на Македонија без никакви забелешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот