Загина млад македонски кошаркар во сообраќајна несреќа

Фото: КК Кожув

Трагедија во македонската кошарка, животот во сообраќајна несреќа го загуби младиот Иван Пенов, кошаркар кој ги бранеше боите на КК Кожув.

Како што информираат од МВР, на 20.02.2021 во 00,50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Се огласија и од кошаркарскиот клуб Кожув:

– Во неверување за напуштањето на досегашната наша млада надеж, изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Пена! – соопштија од КК Кожув.

Во неверување остана и верната навивачка група „Фантоми Север“.

– Кога ја слушнавме несреќната вест која го потресе градот останавме во неверување. Еден од нашите млади надежи нè напушти без последен поздрав. Како вчера да беше последното кој е најдобар!?!?КОЖУВ!!! Почивај во мир златно дете никогаш нема да бидеш заборавен вечно ќе се споменува твоето име… Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и неговите најблиски. ПОЧИВАЈ ВО МИР ПЕНА – пренесоа „Фантоми Север“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот