Загина бебе-мигрант, телото пронајдено на грчкиот остров Лезбос

ФОТО: МИА

Тело на бебе утрово било пронајдено во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос, а веројатно станува збор за дете на мигрантка, која со група од 45 лица со чамец стигнале на островот пред 12 дена.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека пронајденото тело на бебето било во распаѓање и посочија дека на 9 декември во планински дел на Лезбос биле откриени и уапсени 45 мигранти, меѓу кои и 24-годишна која пријавила дека нејзиното бебе паднало во море пред да стигнат на копно.

Тогаш, била спроведена потрага, меѓутоа без резултат.

Ова е втор случај бебе да загине во близина на Лезбос, откако во саботата крајбрежната служба на Грција пронашла 34 мигранти и едно починато бебе, кое веројатно загинало откако чамецот со кој се превезувале удрил во карпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот