Заев за Слободен печат: ГРЕКО не вели дека функцијата на вицепремиерот Љупчо Николовски е неприфатлива

ГРЕКО не дал негативна забелешка за постоењето на функцијата на вицепремиерот Љупчо Николовски и не рекол дека е неприфатлива и некомпатибилна. ГРЕКО констатира дека не може едно лице (вицепремиерот) да биде надлежно и за санкционирање и за советување, тоа се две некомпатибилни работи, вели премиерот Зоран Заев за Слободен печат, по написите дека: „Неприфатливо е Кодексот на однесување да биде во рацете на вицепремиер”.

– ГРЕКО не дал негативна забелешка за постоењето на таков вицепремиер. Напротив, го поздравува новиот Етички кодекс и фактот дека е одредено лице (вицепремиерот) за негово сороведување. Но, ГРЕКО не се согласува со тоа едно исто лице (вицепремиерот) да биде надлежно и за санкционирање и за советување. ГРЕКО препорачува тие две функции да се разграничат, за да не може доверливите работи, избраните и именувани лица кои ги споделиле со оној со којшто се советувале, тој да ги искористи за нивно казнување – вели премиерот Заев за Слободен печат.

Тој вели дека Владата де факто направи поделба на овие две активности

-Љупчо Николовски е надлежен за иницирање на постапки за казнување/санкционирање, а Иван Тодоровски е лице за интегритет надлежно за држење обуки и давање совети – ГРЕКО бара тоа да се направи и де јуре, со измена на Етичкиот кодекс во тој дел – нагласува Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот