Заев: Поддршката стигнува до сите

Со брза и ефикасна трансформација, побрзо и полесно ќе се справиме со последиците и повторно ќе се вратиме на очекуваните стапки на раст на економијата – рече Заев.

Владата покажа сериозна подготвеност во справување со економските последици предизвикани од коронавирусот. Во тек е реализацијата на третиот пакет економски мерки кои имаат за цел зајакнување на јавната и приватната потрошувачка и заживување на нашата економија. Концептот Парите кај граѓаните дополнително се проширува, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
– За првпат државата дава пари директно кај граѓаните со цел да ја зголеми куповната моќ и да ја стимулира приватната потрошувачка. На овој начин поддршката стигнува до сите оние на кои им е потребна.
Невработените лица и примателите на социјална помош добиваат финансиска помош од  9.000 денари. Вработените со примања до 15.000 денари месечно и младите од 16 – 29 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари
Ако спаѓате во некоја од наведените категории ве охрабрувам да ја посетите веб страницата  www.kupuvamdomasno.gov.mk за да се информирате за дали ви следува картичка, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.
Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка и за истата нема да имаат никакви трошоци. Овие средства можете да ги искористите во угостителски објекти, продавници за храна и пијалаци, маркети и зелени пазари, аптеки, бутици и онлајн продавници.
Со ова вие директно ѝ помагате на економијата, им помагате на вашите сограѓани кои работат и вработуваат други лица. Ова е само една од низата мерки за градење нова, развојна македонска економија, и стимулирање на заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со брза и ефикасна трансформација, побрзо и полесно ќе се справиме со последиците и повторно ќе се вратиме на очекуваните стапки на раст на економијата – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот