Заев – Тигањ: Продолжува помошта од Хрватска во пристапниот процес кон ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.

– Позната е поддршката која Хрватска ја дава Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија – посочи амбасадорката на средбата, додавајќи дека земјава направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот.

На средбата, како што информира владината прес-служба, беше констатирано дека претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија, е одличен момент за заокружување на поддршката и донесувањето позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите, како важен сегмент за одржувањето на порастот на економијата, капиталните инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во разговорот, соговорниците изразија задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји, кои се одвиваат без отворени прашања, карактеризирајќи ги како одлична основа за унапредување на трговската размена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот