Заев: Се чувствувам излажано од ЕУ, не испорачаа тоа што ни ветија

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

„Се чувствувам излажано од ЕУ, бидејќи не го испорачаа тоа што ни ветија. Преспанскиот договор, освен за пријателство со Грција, го потпишавме за интеграција во ЕУ. Од 2001 имаме Договор за стабилизација и асоцијација, веднаш по Словенија, а пред Хрватска. Од 2005 имаме статус на земја кандидат и имаме 12 позитивни препораки“ кажа премиерот Зоран Заев во интервју за српски Танјуг.

Тој додаде дека земјава повеќе од 16 години чека преговори и дека фрустрацијата кај граѓаните на Северна Македонија е голема.

„Ние држевме лекции и за европски манири, преку Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот Договор. Нашите внатрешни договори може да послужат како лекција за многу мултиетнички заедници во развиени земји на ЕУ“ кажа Заев.

Премиерот рече дека после 12 позитивни препораки за започнување на членството во ЕУ и исполнување на сите препораки за реформи, не е евроски некој и понатмау да блокира.

„Се надевам дека ЕУ брзо ќе дојде до решение за Северна Македонија, Албанија, како и за Србија и Црна Гора. Нека се отворат кластерите и да се затвори тоа што е решено. Нашите граѓани губат надеж, но не постои алтернатива, сите мислиме на ЕУ“ кажа Заев.

Тој додаде дека додека чекаме на ЕУ, треба регионално да се поврзиме и европеизираме за подобро да се служи на сите граѓани.

„Здружени можеме да понудиме поголемо производство“, истакна премиерот Зоран Заев, во интервју за српската новинска агенција Танјуг, каде ги образложи економските придобивки од иницијативата „Отворен Балкан“. Тој додаде дека здружени трите земји можат да привлечат и повеќе туристи, но и повеќе услуги и квалификувана работна сила.

-Фабриките што имаат намера да инвестираат во Врање, ќе бидат уште поуспешни доколку најдат квалификувани работници од Куманово. Таков е примерот со канадската компанија „Магна“ во Струга, која треба да привлекува кадри и работници од Албанија, бидејќи немаме доволно квалификувана работна сила како што се инженерите. Кога сме здружени, овие инвестиции ќе можат да се реализираат, изјави Заев.

Прашан за „одливот на мозоци“, премиерот истакна дека целта на иницијативата е подобрување на квалитетот на животот на граѓаните тука и тоа е еден од начините за справувањето со овој феномен.

-Тоа подразбира и унапредување на реформските процеси, владеење на правото, унапредување на слободите, здравството, образованието, како и регионалната соработка. Крајна цел е да ги задржиме младите тука, да не заминуваат од нашите земји, односно преку европеизација дома, нивниот сон за живот во Германија, Франција, Австрија, да го донесеме овде, кажа Заев.

Премиерот дополни дека поврзувањето во регионот ќе се одвива по примерот на поврзување на земјите од Западна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот