Заев: Попис во април!

Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да има ново одложување на пописот, а најдоцниот термин за негово спроведување е април 2021 година.

– Пописот ќе се спроведе 2021 година и точка. Го одложивме за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави ковид-19. Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април, изјави Заев.

Тој додаде дека оваа статистичка операција е веќе предвидена во буџетот, а од таа причина и тече набавка на нови лаптопи преку Заводот за статистика.

– Заводот за статистика своите стари компјутери ги подари на образованието. Тие беа употребливи, со целосна функционалност, поради тоа се прави набавка на нови уреди, кои треба да бидат составен дел од спроведувањето на пописот и целокупната дигитализација на податоците, вели премиерот Заев.

Државниот завод за статистика склучи договор со Македонски Телеком АД Скопје за набавка на информатичка опрема, чија проценета вредност е 190 милиони денари, односно околу 3 милиони евра.

Државниот завод за статистика набавува 5.650 лаптопи, секој по 540 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот