Заев: Платите ќе продолжат да растат, за младите да нѝ останат дома

Со покачувањето на платите на просветните работници, нашите посветени наставници ќе дадат сериозен придонес за развојот на нашето општество, напиша на Фејсбук премиерот Заев пред денешната средба со СОНК.

Вложувањето во образованието, вели тој, е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на државата.

– За 7 години претходната влада има покачено 850 денари, додека оваa влада за 2 години ги покачи платите во образованието за 2.100 денари, а следи и ново покачување за 10 отсто во 2020 години. Продолжуваме да ги решаваме сите предизвици низ дијалог. Платите ќе продолжат да растат, бидејќи се грижиме секое семејство да има услови за подобар живот, а младите да ни останат тука, дома- напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот