Заев: Ние сме менливи и затоа треба да им служиме на граѓаните

„Ве задолжувам на отворена комуникација со сите засегнати страни во општеството!“

Премиерот Зоран Заев им ги врачи мандатните писма на сите министри во Владата при тоа упатувајќи им порака да работат посветено и одговорно зашто тоа грашаните го очекуваат од нив.

-Сакам да ја искористам приликата, свечено, но и обврзувачки да ви ги доделам мандатните писма, во кои номинирајќи вѐ како министри очекувам од вас одговорно и посветено извршување на должностите и очекувам резултати, за чие остварување постојано ќе се проверуваме, и ние, а ќе не проверуваат и граѓаните. Да не заборавиме дека сме менливи, и таа менливост да ни биде мисла водилка да им служиме подобро, поефикасно на граѓаните.
Затоа што граѓаните имаат очекувања, а вие сте на оваа позиција за да направите сѐ што е потребно за оваа Влада да ги исполни очекувањата.

Ве задолжувам на отворена комуникација со сите засегнати страни во општеството!“, истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот