Заев: Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата

Гласот и силата на мажите треба да бидат насочени кон искоренување на домашно насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

– Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата. Нашиот глас и сила треба да бидат насочени кон искоренување на домашното насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство. Мажите треба и мора да направат повеќе. Мораме да го осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо. Затоа како маж, син, сопруг, татко, колега велам: #MenMustDoMore#MaжитеМораДаНаправатПовеќе!, објави премиерот Заев на ФБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот