Заев: Некој не може дете да си лечи затоа што нема државјанство, Левица да каже што ѝ е замерката, а не да блокира нечија социјална помош

фото Архива
Ако не го пуштите па АА-ААА ќе го блокира Собранието, ако го пуштите па Левица блокира. Ние се трудиме на сите да им објасниме што е важно. Ние имаме граѓани во државата кои што по Закон треба да добијат државјанство а не добиле државјанство, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Како што вели тој, со новиот Закон  се проширени критериумите и олеснета е постапката, а се некаде околу 15-16 нови критериуми согласно постапката од 2003, 2004 година.
– Ја вградивме европската регулатива внатре како се издава државјанство на вака сложени случаи кои имале проблем во нормална постапка за добивање на државјанство. Не ја слушам замерката од Левица која е, би ја адресирал и би ја коментирал и би ја решил ако знам која е. Тие викаат не може ќе блокираме и готово. Сакам да знам кој е проблемот во Законот, ние седнавме … и навистина во разумен дијалог најдовме решение. Видовме дека сите години  2 децении наназад аплицирале 2400 луѓе ама треба да го решиме проблемот и сега го најдовме решението од друга страна Левица блокира иако е помала политичка партија важно е да видиме кои се причините. Јас би ги разгледал би апелирал за амандман прифаќање. Некој чека, некој не може поради тоа социјална помош да земе, некој не може да си лечи детенце или самиот да се лечи поради тоа што нема државјанство и нема документи. Важна работа е, едно семејство да е најважно на свет е, завршува премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот