Заев: Најавите за протест се фрустрации на опозицијата оти не е власт

Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт. 

Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, но јас како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направиме сѐ да не дозволиме да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот. 

– Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни, се гледа една грозотија од фрустрација зошто не се власт, изјави премиерот Заев како одговор на барањето за коментар на најавите на опозицијата за организирање на протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот