Заев ќе ја разреши Ременски од партиските функции – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев ќе ја разреши Ременски од партиските функции

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи денеска на новинарско прашање, рече дека ќе ја разреши Фросина Ременски од сите партиски функции, додека не ја докаже својата невиност. Ременски инаку е дел од Централниот и Извршниот комитет на СДСМ.

Извори од ОЈО денеска потврдија за „Слободен печат“ дека истрагата за Рекет ќе с епрошири на нови пет лица, меѓу кои и Ременски.

– Секогаш стоиме на своите ставови и добивме известување од ОЈО. Ние ќе ја примениме мерката за остранување од функцијата, додека тоа лице не ја докаже својата невиност – изјави Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close