Заев: Бројките не се кријат, транспарентен е процесот од самиот почеток со епидемијата

Бројките не се кријат, транспарентен е процесот од самиот почеток со епидемијата до денеска, јас верувам, дека само така е исправно, рече Зоран Заев претседател на владејачката партија СДСМ, во вечерашното гостување на ТВ 21.

-Останува сите максимално да се придржуваме до мерките, носење на маска, дезинфекција редовна, држење на растојание до два метра, секако хигиената е многу важна. Таму каде се применуваат мерките, бројките се многу мали- рече Заев.

За зголемениот број на новозаразени лица со ковид-19, лидерот на СДСМ Зоран Заев, вели дека не се проблем само ифтарските вечери.

-Групното собирање е проблем, не би рекол дека се само ифтарските вечери или празникот Бајрам, во Струга имаше литија. Прво како луѓе ние сме социјални индивидуи, сакаме да се гушнеме, да дружиме, да се поздравиме, оваа работа не бива, мора да научиме да бидеме принципиелни, штитејќи се себе, ги штитиме и другите- рече Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот