Заедно освоија титула во НБА, а сега за малку ќе го „убиеше“ на улица

twitter/Complex Sports

Ник Јанг кој во кариерата има настапувано за Вашингтон, ЛА Клиперс, Филаделфија, ЛА Лејкерс, Голден Стејт и Денвер, моментно нема клуб и живее во родниот Лос Анџелес и за малку ќе убиеше поранешен соиграч.

Јанг во 2018 година беше член на Голден Стејт вориорс со кого ја освои шампионската титула, а соиграч му беше актуелниот центар на ЛА Лејкерс, Џавал Мекги.

Јанг возејќи се низ улиците на Лос Анџелес налета токму на Мекги и за малку ќе се судреше со него.


„За малку ќе го убиев Џавал Мекги… Кои се шансите да удриме еден во друг возејќи автомобил… Се подготвувам да упатам серија пцовки бидејќи бев нервозен, а кога го спушти стаклото од прозорот видов дека е Џавал и почнавме да се смееме и двајцата. Баш сакав да ме удри, потребни ми се пари“, напиша Јанг на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот